-->
-->
Урнебесно: Излегол на пиво во Лондон, се разбудил во друга држава
-->
Викенд излегувањето за Александар Кавијел се претворило во настан за паметење.
Имено, после неколку тури пиво и други алкохолни пијалоци во близина на Лондон, младиот Британец се одвоил од друштвото, а наредното утро го разбудил звукот на авионите на пистата во Барселона.
Александар со друштвото се нашол во Челмсфорд, околу 45 километри оддалечен од Лондон. Излегле во ноќен клуб, каде забавата траела до 2.30 наутро, по што Александар се одвоил од друштвото.
“Изминатите неколку викенди јас и моето друштво редовно излегувавме, што е прилично чудно, но сакавме да уживаме во животот и малку да се забавуваме. Минатиот викенд се одвоив од нив и отидов да јадам нешто. Таму видов автобус кој вози до Станстед и помислив: ‘Баш би било убаво да се одлета некаде'”, се сеќава Александар.
Наредно нешто на што се сеќава е дека се наоѓа во авион и дека тоа му изгледало многу реално, за на крајот да заклучи дека најверојатно сонува.
“Потоа се разбудив во Барселона за време на слетувањето на авионот. Веднаш им се јавив на родителите. Мајка ми беше загрижена, а на татко ми тоа му беше забавно и ми рече да го искористам времето и добро да се забавувам”, вели Британецот.
Тој одлучил да го послуша својот татко и да остане три дена во Шпанија. Поминал уште три забавни ноќи во Барселона, добил благи изгореници, а целото патешествие го чинело 1.264 евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово