Македонија
9. November 2015 - 11:12

Ургентен блокиран, полицијата сѐ уште врши увид

Во моментов полицијата го има блокирано влезот на зградата каде што е сместена абдоменалната хирургија на Државната клиника во Скопје.
 
Утрово таму се случил вооружен инцидент, кога наводно незадоволен пациент пукал во доктор. Настанот се случил на третиот кат на зградата.
 
Според непотврдени информации, докторот е ранет во нога.
Пациентите и персоналот се уште се исплашени, а зградата била испразнета од пациентите кои чекале преглед.
 
Од МВР потврдуваат дека имало инцидент, но повеќе детали за случајот се најавени за подоцна.
 
ФОТО: Република