Македонија
24. September 2018 - 12:38

Уредена е една од најфрекветните улици во Василево

Една од најфреквентните улици во Василево, која води од поштата до повеќенаменското игралиште, доби современо и квалитетно решение.

Поставен е нов асфалтен слој во должина од околу 300 метри, а ширината  на коловозната лента  е проширена и изнесува 5,5 метри. Изградени се тротоари од двете страни на улицата, како пешачки патеки, а уличното осветлување  е решено  со канделабри.

Решено е и прибирањето на атмосферските води со изградба на канализација.

Средствата за оваа инвестиција се грант обезбеден од ИПА, предпристапните фондови преку Проектот за подобрување на општински услугите.