Македонија
7. February 2020 - 17:51

Урбанистички план им ја одзема дневната светлина на жители на Кисела Вода

Тоалет пред порта, ѕид до тераса. Семејството Колевски од скопската општина Кисела Вода ужива во зимското сонце повеќе од другите затоа што знаат дека наскоро во нивниот дом нема да има дневна светлина. Ѕидот од зградата што се гради веднаш до нивната тераса ќе биде висок 13 метри. Се чувствуваат изиграни и од соседите и од општината. Целиот проблем настанал со промената на деталниот урбанистички план за овој регион, улицата Димо Хаџи Димов. До измената во него имало само куќи со големи дворови.

Градоначалникот Темелковски знае за случајот, но вели дека одобрението е издадено соглансо ДУП от кој тој го наследил од претхдната власт, а кој бил изменет согласно сите процедури.

Одобрението за градба лани го потпшал Темелковски. Вели дека иако Законот предвидвидел 15 за жалба до правосилност, семејството Колевски не се жалеле.

Градежните активности се во полн ек, а Колевски секојдневно се соочуват со штета на нивниот имот.

Темелковски вели дека се разгледува можноста жалбата на Колевски да биде препратена до вторстепена комисија на одлучување. Дотогаш, сарделите ќе мора да добијат ново сончево место за да растат. Домаќните пак од дневната соба ќе гледаат како расте ѕидот соседната зграда.