Ураганот Метју одзеде 16 животи во САД | Сител Телевизија
Македонија
10. October 2016 - 10:54

Ураганот Метју одзеде 16 животи во САД

Најмалку 16 лица загинаа во САД при движењето на ураганот „Метју“, а половина од жртвите се во Северна Каролина, каде пет лица се водат за исчезнати. 

Илјадници лица се спасени во поплавите по обилните дождови. 

Претходно, повеќе од 500 лица загинаа на Хаити. 

„Метју“ утрово ослабна на  ниво на посттропски циклон и тргна да се движи кон морете.