Свет
7. September 2017 - 10:48

Ураганот „Катја“ ѝ се заканува на Америка: Се помоќен и побрз, кога ќе стигне до копно - ќе има пропаст

Ураганот „Катја“, кој моментно се наоѓа на 322 километри од Мексиканскиот залив, полека зајакнува и најверојатно ќе биде силен како и останатите урагани кога ќе стигне до копно, предупреди денеска американскиот Национален центар за урагани.

„Катја“ моментно е ураган од прва категорија, со брзина на ветрот од 121 километар на час.

Центарот соопшти дека во моментов се активни три урагани на Атлантикот: „Ирма“ кој се смета за еден од најсилните урагани во овој век и кој се движи кон Флорида, „Хозе“ кој се уште е на отворено море илјада километри од Антилите и „Катја“, кој се движи кон брегот на Мексико.

Опишувајќи го „Катја“ како „мал тропски циклон“, американскиот центар соопшти дека предвидува до крајот на неделава тој да ја погоди Веракруз.