Свет
1. September 2017 - 8:22

Ураганот „Ирма“ претставува опасност за Карибите

Ураганот „Ирма“ достигна јачина од трета категорија над источниот дел на Атланскиот Океан и претставува опасност за Карибите, соопшти американскиот Национален Центар за урагани.

Со постојани ветрови со брзина од околу 185 километри на час, бурата се уште е далеку од копното, на околу 1.200 километри западно од островите Кабо Верде.

- Се очекува „Ирма“ да остане силен ураган уште неколку дена, соопшти Националниот центар.

Ураганот се движи кон Порторико, кој е американска територија, како и кон Доминиканска Република и Хаити, а кон средина на следната недела може да предизвика поројни дождови.