Свет
11. September 2017 - 10:22

Ураганот Ирма ослабна до прва категорија

Ураганот Ирма, во налет кон регионот Тампа Беј, достигна до прва категорија со јачина на ветрови од 135 километри на час. 

Ураганот со јачина од трета категорија вчера го зафати јужниот дел на Флорида, каде ги поплави улиците на Мајами и остави околу 1,8 милиони домови и фирми без електрична енергија. 

Јадрото на Ирма се наоѓа на околу 40 километри североисточно од Тампа и се придвижува кон северниот и североисточниот дел со брзина од околу 24 километри на час.