Ураганот Ијан повторно зајакна, се приближува до Јужна и Северна Каролина
Ураганот Ијан повторно зајакна и денеска ќе се приближи до брегот на Јужна Каролина, објави Националниот центар за урагани (НХЦ).
Иан, кој ослабна до тропска бура откако ја опустоши Флорида, сега е оддалечен околу 540 километри од Кејп Феар, Северна Каролина, а ветровите дуваат со брзина од 120 километри на час.
„Иан може малку да зајакне пред да стигне до копното, по што се прогнозира брзо слабеење над југоисточниот дел на Соединетите Американски Држави од петок до сабота“, се додава во извештајот на центарот со седиште во Мајами.
Се очекува Иан да стигне на копно околу 14 часот по локално време во петок, северно од Чарлстон. Издадено е предупредување за ураган за крајбрежната област долга околу 370 километри, од границата на Јужна Каролина и Џорџија сè до Кејп Феар во Северна Каролина.
Гувернерот на Северна Каролина Рој Купер ги повика жителите да ги „преземат неопходните мерки“ и предупреди на можноста од поплави, лизгање на земјиштето и торнада. „Бурата е сè уште опасна“, рече Купер.
Ураганот Иан ја погоди Флорида во средата попладне како ураган од четврта категорија, со максимални ветрови од 150 милји на час.
Американскиот претседател Џо Бајден вчера во седиштето на Федералната агенција за управување со катастрофи изјави дека ураганот Ијан може да биде „најсмртоносниот“ ураган во историјата на Флорида.
„Сè уште не се познати точните бројки, но според првите извештаи што ги слушнавме, бројот на жртвите може да биде значителен“, рече Бајден.
Ново на Сител
-
АХВ: Земени се контролни оброци и наредено е затворање на кујната
-
Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете држави
-
ДЗС и Народна Банка потпишаа договор за соработка и размена на податоци
-
Oрбан: Грешка е што преговорите на Северна Македонија со ЕУ се’ уште не се започнати
-
Ученици од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ со симптоми на труење
-
Со возило излетал од пат во Ѓорче Петров, загина 72-годишник
-
Турски државјанин приведен на Деве Баир
-
Прегазен малолетник во Чаир