Управувачкиот комитет и предложи на Владата да прогласи криза состојба во траење од 30 дена поради пожарите
Управувачкиот комитет на седница која ја одржа предмалку го прифати предлогот на Групата за процена и предлага на Владата да донесе одлука за постоење на кризна состојба на целата територија на државата во траење од 30 дена, напиша на својот Фејсбук профил раководителот на група за процена и директор на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.
-Групата за процена, составена од директорите на ЦУК, ДЗС, АНБ, БЈБ, Агенција за разузнавање, заменикот на началникот на Генералштабот на Армијата, раководителот на службата за воена безбедност и разузнавање, замениците директори на ЦУК и ДЗС, и советникот за национална безбедност од кабинетот на Претседателот, попладнево одржа седница на која поради зголемениот обем на пожарите, зголемениот ризик за граѓаните и неколку други причини, донесе едногласна одлука да му предложи на Управувачкиот комитет (министрите за внатрешни и надворешни работи, одбрана, здравство, транспорт и врски, како и раководителот на групата за процена) да и предложи на Владата да донесе Одлука за постоење на кризна состојба на територијата на РС Македонија заради зголемена појава на пожари и спречување од нивно ширење во траење од 30 дена, појасни Ангелов.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање