Македонија
19. December 2016 - 16:06

Управниот суд во 18:00 часот на јавна седница ќе одлучува за поднесените тужби од партиите

Во 18 часот вечерва на јавна седеница  Управен суд ќе одлучува за тужбите кои политичките партии ги поднесоа против одлуките на Државната изборна комисија. Како што информираат од Управен прво ќе се разгледуваат две жалби на СДСМ за поништување на решението на ДИК за избирачки места во Теарце. Од судот поврдија дека до нив се пристигнати вкупно 5 тужби, една од ВМРО-ДПМНЕ и 4 од страна на СДСМ, за кои тие треба да одлучат најдоцна до утре. Според роковникот, нивните одлуки кои ќе бидат објавени на веб-страницата на ДИК, ќе го содржат и начинот на гласање на секој судија поединечно.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат деке нивната тужба се однесува на скандалозната одлука на ДИк да го прифати приговорот на Движењето БЕСА, со што го поништи гласањето на едно гласачко место во Гостивар, а нивната правната служба приложила бројни докази и аргументи со кои се потврдува незаконитоста и неоснованоста на одлуката на ДИК.

4-те тужби кои до Управен ги поднесе СДСМ се однесуваат на гласањето на повеќе избирачки места во 6-та изборна единица, додека пак движењето БЕСА вчера се откажа од можноста да ги обжали одлуките на ДИК со кои беа одбиени 7 нивни проговори.

Одлуките кои во следните 48 часа ќе ги донесе Управен се конечни, а потоа Државната изборна комисија ќе треба да ги сумира резултатите од гласањето.