Македонија
6. July 2022 - 16:40

Управниот суд доби нови простории

Осум судници, модерен медија центар, канцелариски простор – Управниот суд доби нови простории со вкупна површина од над 2.600 метри квадратни.

Од денеска ќе работи во поранешната зграда на Министерството за транспорт. Претседателот на судот, вели, објектот ќе овозможи непречена работа за 25мина судии, но исполнување и на европските стандарди.

Според министерот за правда, ефикасноста на еден суд зависи и од условите кои ги нуди објектот.

Опремувањето на Управниот суд е помогнато од мисијата на ОБСЕ која во изминатите две години одржува и обуки за судиите.

Управниот суд е основан во 2007та, а досега постапувал по над 150 илјади предмети.