Македонија
24. July 2020 - 19:42

Управен ги одби тужбите од сите политички партии

Расчистен патот на Државната изборна комисија за објавување на официјалните резултати од изборите. Управниот суд ги одби и последните четири тужби од партиите и коалициите кои имаа забелешки околу изборниот процес.

На четири одделни седници, судечките совети ги одбија двете тужби од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а одбиена беше и по една од “Демократи” и од коалицијата ”Никогаш северна, само Македонија”

Со денешните одлуки, Управен ги одбива сите 185 тужби по кои расправаше во изминативе три дена, а главната причина е недостатокот на докази за какви било изборни манипулации.

Најмногу забелешки за текот на изборите имаше партијата Левица од каде правдата ја бараа преку 101 тужба, како и коалицијата “Алијанса за Албанците” и “Алтернатива”, кои поднесоа 75 тужби. Партиите најмногу се жалеле на сумирањето на резултатите, а голем дел од приговорите биле и за падот на страната на ДИК по завршувањето на изборите.

Конечните официјални резултати Државната изборна комисија ќе ги објави утре на јавна седница. По седницата избраните пратеници ќе ги добијат и уверенијата за своите мандати.