Бизнис
19. January 2020 - 16:41

УПОЗ реагира на постапката од дополнителниот заменик министер за земјоделство

Административците да не се користат за  политички маркетинг за освојување  на предизборини поени.  Од синдикатот на УПОЗ со реакција за како што велат  ненајавената  посета на дополнителниот заменик министер за земјоделство  Трупоновски на подрачната  едници на министертвото во Берово. Велат дека  со тоа е нарушен интегритетот на вработените во единицата.  Посочија дека за настанот ќе бидат известени и  светската и европската федерација на синдикати.

Груевски тврди дека администрацијата  постојано пред и по избори е на удар поради што тешко се преговара и за колективен договор со кој се утврдуваат правата но и обврските на овие работници.  

Сепак очекуваат следната недела да биде потпишан колективниот договор во кој влегува и исплатата а к 15 во јавната администрација.

Трипуновски  пред дена влегол во вонредна контрола со камера во подрачната единица на минисетртвото во Берово за да провери како и дали работат вработените. Поради тоа раководоителот на едница на Трипуновски ќе му поднесе  и  кривична пријава.

Трупуновски пак на својот фејсбук профил напиша дека не е прекршен ниту еден закон за заштита на лични податоци и не бил вршен мобинг  туку дека објавувањето на снимката го смета за јавен интерес.