УПОЗ ќе бара од новата влада да ги исполни нивните барања во првите 100 дена

Синдикатот на работниците од Управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) и Здржението на судска администрација бараат во првите сто дена од составувањето на новата влада да се решат нивните барања за измена на Законот за судска служба, зголемување на платите на вработените во судската администрација, исплаќање на зголемувањето од пет отсто на јавната администрација и враќање на работното време од 7:30 до 15:30 часот.
Доколку не бидат исполнети овие барања, УПОЗ и Здружението, како што најавија денеска преку соопштение, ќе продолжат со штрајкот.
УПОЗ и Здржението на судска администрација организираа штрајк и протест пред судовите на 23, 24 и 25 март годинава, упатувајќи ги барањата до министерствата за правда и за информатичко општество и администрација.
Ново на Сител
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
