Бизнис
21. February 2018 - 19:42

УПОЗ бара помалку пари во приватните, а повеќе во државниот пензиски фонд за спас на ПИОМ

Да се намалат парите кои се уплаќаат во приватните пензиски фондови. Ова е еден од предлозите на Синдикатот на управата и правосудството за спас на пензискиот систем. Во мометов од 18% кои одат за пензиско, 12 се за ПИОМ, 6% за приватните фондови. УПОЗ предлага делот за приватните да се намали на 4% и со тоа да се придонесе за подобрување на состојбата на државниот фонд. Зголемување на границата за одење во пензија, според овој синдикат е неприфатливо.

Синдикатот смета дека на работниците кои ќе навршат 57 односно 59 години старост треба да им се овозможи пензионирање ако имаат 30 односно 35 години стаж. Пензнионирање без оглед на возраста треба да има и за сите работници кои имаат 35 односно 40 години работен стаж.

Синдикатот бара измени и во делот со бенефицираниот стаж, наместо во години тој да се брои во месеци и денови, и други професии да влезат во групата која оди во пензија под посебни услови, а да се сменат и правилниците според кои на работниците кои преминуваат од една во друга институција не им се признава бенифицираниот стаж од претходно.