Loading Video...
Балкан
27. March 2018 - 16:32

Упадот во Косовска Митровица - обид да заплашување на Србите на Косово

Целта на вчерашната акција на косовските специјални полициски сили беше со насилство и застрашување да се окупира северниот дел на КиМ, да се понижи Србија и српскиот  народ истакна  Директорот на канцеларијата  за КиМ Марко Гуриќ,.

Ѓуриќ ги пофали косовските Срби дека достоинствено и мирно  одговориле  на  бруталноста од страна на специјалците во нивниот поход да го уапсат во северниот дел на Косовска Митровица.

Во знак на револт косовските Срби одлучија да ја напуштат владата на Харадинај. Претседателот на Српската листа  најави и дека на 20 април самостојно ќе ја формираат Заедницата на Српските општини.

Според  официјална Приштина спрскиот политичар бил уапсен затоа што немал дозвола за влез на косовска територија.Официјален Белград  тврди  дека  известување  било навремено пратено согласно договорот потпишан меѓу двете страни и според кој  не била потребна   дозвола. Во вчерашниот инцидент се повредени 30 лица. По апсењето и малтретирањето, Српскиот политичар беше протеран од Косово.

Дали Србија ќе го продолжи дијалогот со Косово и кои ќе бидат нејзините идни чекори по случувањата во Косовоска Митровица  ќе биде појасно по денешниот состанок на претседателот Вучиќ со шефицата на европската дипломатија Могерини во Белград.