Македонија
28. November 2019 - 19:36

Универзитетот во Тетово ќе донира 10.000 евра за жртвите од земјотресот во Албанија

 Сенатот на Универзитетот во Тетово на денешната седница одлучи да донира 10 илјади евра помош за семејствата погодени од земјотресот во Албанија.

Со ова Универзитетот во Тетово се приклучува на многу локални, регионални и меѓународни институции со иницијатива за изразување солидарност со Албанија, велат од тетовската образовна установа.

– Со оваа одлука Универзитетот во Тетово се солидаризира со нашите браќа и сестри од Република Албанија, кои за жал беа погодени од оваа природна непогода со човечки последици и значителна материјална штета. Оваа одлука за донација ја сметаме за обврска на албанските граѓани, кога сметаме дека во вакви ситуации реакцијата и помошта е многу важна и неопходна, изјави ректорот проф. Д-р Вулнет Амети, воедно и претседател на Сенатот.

Во кругот на Универзитетот, средства за настраданите во Албанија собираа и студентите. Тие оставаа доброволни прилози.