Свет
25. August 2020 - 11:27

Универзитетите во Пекинг ќе ги тестираат студентите за коронавирус

Универзитетите во Пекинг се подготвуваат да ги тестираат студентите за коронавирус кои пред почетокот на новата учебна година се враќаат на факултетите

Наставата на универзитетите треба да почне на 9 септември, а трошоците за тестирање на сите 600.000 студенти ќе ги сносат универзитетите.

Надлежните здравствени власти во Кина соопштија дека и денеска, деветти ден по ред, не се регистрирани случаи на локално пренесување на коронавирусот во земјата, но дека има 14 заразени кои пристигнале од странство.