Македонија
14. April 2019 - 19:33

Уништивањето на охридското крабрежје се шири од Калишта кон Радожда

Екологистите повторно алармираат за узурпирање на  крајбрежјето.Тие велат дека  уништувачкиот вирус се шири на југ, од Калишта кон Радожда, не поштедувајќи ништо на патот се тампонираат парцели ,се поставуваат бетонски огради ,се пали трската а на повеќе локации се депонира и градежен шут. Појасот околу охридско струшкиот регион е во лоша состојба и мора да се стави крај на урбаното дивеење.

Добрите познавачи од областа на екологијата во неколку наврати потенцираа дека потребен е мониторинг со камери или друг вид на средства за набљудување на целото крајбрежје и поголеми инспекциски контроли.

Од Охрид СОС на својата фејзбук страна ги повикаа и претседателските кандидати да ги посетат овие локации и да видат како се почитува правото и законот на дело .Да одржат митинг или средба со локалното население на овие места, да ги санкционираат сторителите, да побараат сите надлежни институции веднаш да реагираат и да се обврзат, доколку станат носители на оваа функција, дека веднаш ќе потпишат декрет каде природата се става над сечиј интерес.