Свет
12. April 2017 - 15:00

Уништени неколку возила при експлозија во близина на претседателската резиденција и МО во Кабул

Неколку автомобили биле уништени денеска при експлозија на бомба во близина на Министерството за одбрана и претседателската резиденција во Кабул, изјави очевидец.

Тој истакна дека се уништени возила и можно е некој од луѓето во нив да е повреден.

Полицијата се уште не потврдува дали има повредени лица при инцидентот.