Македонија
19. December 2018 - 19:24

Уништени 170 килограми дрога

По пауза од три години, денеска беа уништени 170 килограми разни видови на дрога во депонијата Дрисла.

Најголем дел од изгорените наркотични средства беа марихуана, хашиш и кокаин, кои потекнуваат од кривични дела за кои судот веќе донел правосилна пресуда.

Од почетокот на годината до крајот на ноември откриени се 681 кривично дело поврзано со неовластено производство и пуштање во промет на наркотични средства, а уапсени се 674 сторители.

При полициските операции спроведени изминативе 11 месеци сузбиени се 8 меѓународни канали за швер на дрога, кои биле организирани од седум криминални групи, составени од 40 државјани на Македонија и Албанија.