Уништена урбана опрема во Куманово
Во Куманово е уништена урбана опрема на градскиот плоштад. Одделението за односи со јавност во Куманово информира дека сеуништени канделабри и оти инспекциски служби на Општината веќе се на терен.
- Несовесни граѓани продолжуваат со своето недолично однесување. На кого му пречи да биде осветлен и уреден градскиот плоштад кој е на сите и за сите. Овој пример е уште еден од низата во изминатиот период, кои покажуваат како не треба да се однесуваме кон околината во која живееме, се наведува во објавата на општина Куманово.
Ова не е прв случај на уништена урбана опрема. Изминатите месеци во неколу наврати беше уништувана урбана опрема, клупи, канделабри, сообраќајни знаци, семафори во централното градско подрачје околу неколку клучни институции во Куманово, на градскиот кеј.
На една од седниците на општина Куманово, градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски најави дека ќе набави нова урбана опрема за што од буџедот е планирано да се одвојат околу 20.000 евра.
Планирано е да се набават клупи, канти и табли за информирање кои ќе бидат поставени во поширокото централно градско подрачје. Освен, во централното градско подрачје нова урбана опрема ќе биде поставена и по населбите од Куманово. Во дел од градот, недостаува урбана опрема, но факт е дека во последно време се уништува и постоечката. Општината апелираше граѓаните совесно да се однесуваат кон заедничкиот имот.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари