Уништена урбана опрема во градскиот парк во Делчево
Вандалски чин во градскиот парк кај новата црква во Делчево резултираше со искршени клупи, откорнати корпи за отпадоци, превртени детски реквизити.
Како што информираа надлежните, сторителите кои најверојатно вандалскиот чин го направиле во вечерните часови не се познати, а не е позната ни причината за делото.
- Иако често вршиме контроли на терен, ваквите вандалски чинови на поединци не му носат ништо добро на општеството. Сторителите на вандалскиот чин кој најверојатно синоќа се случил во паркот кај новата црква во Делчево уништиле неколку клупи, откорнале канти за отпадоци, а згора на тоа пробале да оштетат и дел од инвентарот на детското игралиште кое се наоѓа во близина во паркот. За да се промени ваквата слика во градот, кон ваквите недозволени дејства на поединци треба поригорозно да се постапува, потенцираат од Одделението за инспекциски надзор во Делчево.
Со оглед на тоа што апелите за спречување на оштетувањата на јавниот имот не даваат резултат, од Одделението за инспекциски надзор се подготвуваат да преземат и други мерки со кои ќе се санкционираат ваквите вандалски чинови.
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците