Уништена штотуку поставената урбана опрема на излетничкото место Студена Вода во кумановско
Продолжува поставувањето на нова урбана опрема на локалитетот во изградба Студена Вода во близина на кумановско Доброшане, иинформира градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, додавајќи дека и овој пат е уништена дел од штотуку поставената опрема.
Локацијата која интензивно се уредува, веќе трет пат е мета на вандалско однесување на несовесни граѓани.
– Во тек е поставување на нова урбана опрема во новата викенд населба на „Студена Вода” во село Доброшане (маси, клупи, столови, осветлување, скари), за жал уништувањето на јавниот имот не сопира, штотуку наместени една од скарите е уништена, напиша Димитриевски на социјалните мрежи.
Претходно заврши поставувањето на осветлување, бекатон и изградбата на пристапниот пат кој води кон излетничкото место кое се наоѓа во близина на селото Доброшане во Куманово. Излетничкото место изминатиов период интензивно се уредува со средства обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и општина Куманово. Веќе се поставени летниковци и друга урбана опрема.
За уредувањето на излетничкото место, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој одвои 8.168. 000, а општина Куманово 3.160.000 денари. Градежните активности на терен ги спроведува фирмата „Ибро Комерц“ од Куманово која го доби тендерот, информираа претходно од одделението за комунални дејности.
„Студена вода“ се наоѓа на пет километри од центарот на Куманово и според најавите на надлежните ќе биде место каде граѓаните ќе можат да се рекреираат и да го одбегнат градскиот метеж.
Ново на Сител
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО
-
В недела евакуација на жителите на Ниш поради неутрализирање бомба останата од бомбардирањето на НАТО
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија