Уникатно палеонтолошко откритие кај Долни Дисан
Министерот за култура Роберт Алаѓозовски и в.д. директорот на Природонаучниот музеј на Македонија Методија Велевски денеска ќе информираат за уникатно палеонтолошко откритие во близина на село Долни Дисан.
Во тек се палеонтолошките ископувања од страна на експерти за колекционирање и конзервирање на пронајдени фосилни остатоци од изумрен вид на слон.
Палеонтолошки екипи од Природонаучниот музеј на Македонија и Природонаучниот музеј во Софија, од 20 април 2018 година почнаа со ископување на фосилни остатоци од изумрен вид на слон (Choerolophodon pantelici), чија старост прелиминарно се проценува на околу осум милиони години. Фосилните остатоци беа откриени при заедничката теренска работа кај селото Долни Дисан во 2017 година.
Досега откриените коски укажуваат дека се работи за зачуван значаен дел од скелетот на слонот. Според мислењето на стручниот тим, се работи за наод со големо научно значење. Фосилни остатоци од овој вид на слон се најдени на повеќе локалитети во Македонија и ширум Евроазија, но комплетен скелет од ова животно досега не и е познат на науката. Ова го прави наодот уникатен во светски рамки, затоа што ќе одговори на повеќе прашања за изгледот и начинот на живот на овој предок на денешните слонови.
По својата старост (видот живеел пред 8 до 7 милиони години), овој вид слон е постар од мамутите (5 милиони – 4500 години). Населувал суви тревести живеалишта еквивалентни на денешните африкански савани. Живеел задно со предци на денешните жирафи, сабјести тигри, примати и други изумрени видови од периодот на миоцен.
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид