Македонија
13. January 2017 - 22:27

Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ го посети пунктот за бездомни лица во Момин Поток

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ направи хуманитарна посета на пунктот за бездомни лица во Момин Поток. За време на посетата од Унијата на жени донираа конзервирана храна и средства за хигиена.

Денес сме тука во пунктот за бездомни лица во Момин Поток со цел да донираме конзервирана храна и средства за хигиена бидејќи временската температура е доста ниска на лицата кои за жал со различни стории се во ситуација да немаат свој дом им е потребна голем поддршка и помош за безбедно да ги поминат овие зимски денови – изјави Даниела Рангелова претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

yz-momin-potok.gif1

Од Унијата на жени информираат дека грижата за социјално разнливите категории на граѓани од нивна страна ќе продолжи и во иднина преку организација на вакви и слични активности.