Свет
11. January 2017 - 14:03

УНИЦЕФ: Во нападите врз цивилни области во Јемен загинале 1.400 деца

Речиси 1.400 деца се убиени, стотици се повредени, а голем број училишта се затворени поради војната во Јемен, соопшти денеска УНИЦЕФ.

- И понатаму десетици деца во Јемен гинат или се повредени при напади врз цивилни области. Намсето да учат, децата се сведоци на смрт, војна и уништување, изјави претставничката на УНИЦЕФ во Јемен, Меритсле Релано.

Таа ги повика сите инволвирани страни во конфликтот да ги заштитат децата и да ги прекинат нападите врз училиштата.

- Училиштата треба да бидат зона на мирот во сите времиња, светилиште каде децата треба да учат, растат, играат и да бидат безбедни, истакна Релано.

Таа нагласи дека во Јемен веќе не се употребливи речиси 2.000 училишта, бидејќи се уништени, оштетени или се користат за воени цели.