Свет
8. јуни 2016 - 16:59

УНИЦЕФ: Реална е опасноста од злоставување деца преку интернет

Опасноста од злоставување деца на интернет е многу реална и 80 отсто 18-годишници веруваат дека младите се во опасност да бидат сексуално злоставувани или искористени на интернет, се вели во истражување на Уницеф.

Повеќе од 50 отсто сметаат дека нивни пријатели учествуваат во ризично однесување кога користат интернет.

Истражувањето е спроведено во 25 држави врз 10.000 лица на возраст од 18 години.

– Интернетот и мобилните телефони значително го изменија начинот на кој млади луѓе пристапуваат до информации, но резултатите од истражување покажуваат дека опасноста од злоставување девојчиња и момчиња на интернет е многу реална, вели Корнелиус Вилијамс, помошник директор на Уницеф.

Според него, глобално еден од три корисници на интернет е дете.

– Уницеф има за цел да го зајакне гласот на адолесцентите и помогне да се реагира на онлајн насилства, екслоатација и злоставување, но и да обезбеди децата да може во целост да користат предности на интернет и мобилни телефони, додаде тој.