Свет
28. August 2020 - 10:48

УНИЦЕФ: Една третина од децата немаат можност да учат на далечина

УНИЦЕФ соопшти дека речиси третина од учениците во светот немаат можност да учат на далечина.

Во извештајот на УНИЦЕФ се посочува дека од 1,5 милијарда деца кои не одат на училиште поради пандемијата на коронавирусот, 463 милиони ја немаат потребната опрема за да продолжат со учење од далечина.

УНИЦЕФ предупредува дека последиците од нарушувањето во образованието ќе се почувствуваат во економијата и во општеството во наредните децении.