УНИЦЕФ: До 2040 година 600 милиони деца ќе бидат без вода за пиење
Во денешниот извештај на Фондот за деца при Обединетите Нации (УНИЦЕФ) се наведува дека до 2040 година во просек едно од четири деца ќе живее во региони каде има екстремен недостиг на вода.
По истражувањето, што беше објавено на Светскиот ден на водата, ОН предупредија дека за нешто повеќе од две децении речиси 600 милиони деца ќе живеат во региони каде има сериозен недостиг на вода за пиење.
Во извештајот се наведува дека повеќе од 36 земји се соочуваат со прекумерен недостиг на вода.
Според УНИЦЕФ, децата можат да бидат изложени на дехидрација поради растечките температури и големата суша, додека дождовите и поплавите можат да ги уништат санитарните структури и да доведат до појава на болести како што е колерата.
Повеќе од 800 деца помлади од пет години секојдневно умираат поради дијареа предизвикана од лошите санитарни услови и недостигот на вода за пиење, стои во извештајот.
Сушата и конфликтите се фактори за недостиг на вода во делови на Нигерија, Сомалија, Јужен Судан и Јемен.
На повеќе од 1,4 милиони деца од тие региони исто така им се заканува „непосреден ризик од смрт“ поради глад.
Проценката на УНИЦЕФ покажува дека повеќе од девет милиони лица немаат пристап до вода само во Етиопија.
- Без вода, ништо не може да расте, изјави генералниот директор на УНИЦЕФ Ентони Лејк, додавајќи дека недостигот на вода ја загрузува иднината на милиони деца.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација