Свет
13. April 2018 - 20:11

УНХЦР: Во Либија хуманитарна помош им е потребна на повеќе од милион жители

Повеќе од еден милион луѓе во Либија имаат потреба од хуманитарна помош, соопшти агенцијата на ОН за бегалци.

– Еден милион и 100 илјади луѓе меѓу кои бегалци и мигранти, имаат потреба од хуманитарна помош, наведе во соопштение УНХЦР. Агенцијата дополнува дека и се потребни  85 милиони долари за неопходните хуманитарни операции.

Според најновите податоци во Либија има 51.000 бегалци и кандидати за бегалци, 165 илјади внатрешно раселени Либијци и 340.000 Либијци кои се вратиле во родните места во 2018 година. Уште стотици илјади имаат потреба од хуманитарна помош заради конфликтот.