УНХЦР ги критикува Австрија и балканските земји за предизвикување миграциски хаос
Новите имиграциски ограничување долж балканската маршрута создаваат хаос на неколку гранични премини, денеска соопшти Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР), пренесе ДПА.
Мерките преземни од Австрија и од неколку балкански земји во овој момент Грција ја ставаат под особен притисок, кога таа се обидува да се справи со се поголемиот број луѓе кои имаат потреба од сместување и услуги, наведе УНХЦР во соопштение.
Новите дневни квоти и профилирањето на мигрантите според националноста може мигрантите да ги остави блокирани на границите, без засолниште, и може да ги фрли во рацете на бескрупулозните шверцери на луѓе, предупреди комесаријатот.
Иако повеќето од мигрантите бегаат од војни и прогони, се чини дека некои земји повеќе се фокусираат врз непропуштањето на бегалците и имигрантите отколку врз одговорното управување со дотокот на луѓе и со работата на барање заеднички решенија, се наведува во соопштението на УНХЦР.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители