-->
-->
Унгарското МНР ниту потврдува, но ниту демантира дека Груевски е во Унгарија
-->
Унгарското Министерство за надворешни работи во писмениот одговор за МИА ниту потвдува, но ниту демантира дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски се наоѓа во Унгарија.
На прашањето на МИА да ни дадат одговор дали Груевски се наоѓа во Унгарија и дали тој побарал политички азил во оваа земја, од унгарското МНР одговараат: „Не можеме ниту да ја потврдиме, ниту да ја демантираме оваа информација“.
– Не можеме да ви обезбедиме информација за процедурите за добивање азил, кои се уште се во тек, се додека тие не се комплетираат, се наведува во одговорот на унгарското МНР за МИА.
Груевски попладнево се огласи со статус на својот фејсбук профил во кој вели дека е во Унгарија каде што побарал политички азил од тамошните власти.
– Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот. Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од унгарските власти. Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам, наведува Груевски во статусот на својот Фејсбук профил.
Од вчера попладнето Груевски се бара со национална потерница заради издржување двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј