Македонија
13. November 2018 - 19:22

Унгарскиот владин портпарол не може да потврди или да одрече дали Груевски е во Будимпешта

Портпаролот на унгарската Влада, Золтан Ковач не може ниту да ја потврди, ниту, пак, да ја демантира објавата на фејсбук-профилот на поранешниот македонски премиер Никола Груевски дека се наоѓа во Унгарија каде побарал политички азил.

-Ние не можеме да коментираме индивидуални барања за азил кои се уште се во процес на обработка, изјавил Ковач за Ројтерс.