Македонија
9. July 2016 - 16:53

Унгарскиот Премиер Виктор Орбан предупредува на стратешка грешка на нато поради оставањето на Македонија надвор од алијансата

Оставањето на Македонија и Грузија надвор од Алијансата е стратешка грешка на НАТО. Сител од дипломатски извори дознава дека со оваа изјава унгарскиот премиер Виктор Орбан на Самитот во Варшава побарал Македонија што поскоро да стане дел од воено-политичкиот сојуз. Од друга страна, според информациите на Сител НАТО изразува загриженост за внатрешната состојба во Македонија и ги повикува лидерите на сите политички партии на единство во решавањето на политичката криза, со цел што поскоро наоѓање на соодветно решение. Алијансата ги признава досегашните преземени чекори и повикува на ефективен демократски дијалог меѓу политичките партии и што поскоро спроведување на избори.

Шефот на македонската диплматија Никола Попоски кој е предводни делегацијата во Варшава ја потврдил заложбата и придонесот на земјава во осигурувањето безбеден и демократски Авганистан. Тој најавил дека Република Македонија ќе продолжи да биде најголем контрибутор во оваа мисија по глава на жител и во следната година.

Алијансата изразила благодарност до Република Македонија за придонесот во меѓународната безбедност, демонстрирано преку мировните операции, учеството во меѓународните организации и посветеноста кон членството во НАТО.

Попоски во рамки на НАТО Самитот кој се оддржува во главниот град на Полска, остварил и бројни билатерални средби. Министерот за одбрана Јолевски кој исто така е дел до Самитот на денешниот состанок меѓу министрите за одбрана истакна дека Македонија, нејзините граѓани и македонските војници го заслужија членството во НАТО.

-Република Македонија е целосно подготвена за интеграција во НАТО. Ние имаме капацитет да ги превземеме сите обврски и одговорности за да придонесеме кон сигурноста и стабилноста на Балканот и Евро - атлантската област. Цврсто сме убедени дека инвестицијата во НАТО ќе ги зацврсти мирот и стабилноста. Нашите војници, кои долги години учествуваат во мировните мисии во Авганистан, го очекуваат и заслужуваат членството“