Loading Video...
Свет
31. May 2019 - 16:55

Унгарската полиција го уапси капетанот на крузерот

Унгарската полиција го уапси капетанот на речниот крузер кој го удри малиот туристички брод на  Дунав во Будимпшета, што резултираше со најмалку 8 смртни случаи. Тој се смета за осомничен за несовесно однесување во воден сообраќај што довело до масовна загуба  на човечки животи соопшти полицијата. Во Несреќата која се случи во средата вечер во услови на силен дожд и ветер, исчезнаа 20 лица.  Потрагата по нив продолжува.