Македонија
5. August 2018 - 18:36

Унгарска вечер во Прилеп

Унгарска вечер ќе се одржи утревечер, од 20.30 часот на просторот околу  Градскиот саат во Прилеп, на која ќе настапат оркестарот „Фокош“ и фолклорната група „Селенце“.

Настанот го реализира прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ во соработка со Здружението на Унгарци „Телехаз“ и Амбасадата на Унгарија во Република Македонија.

Оркестарот и фолклорната група потекнуваат од Бечеј, Војводина. Имаат настапувано во повеќе земји и се добитници на бројни награди.