Свет
7. February 2017 - 13:16

Унгарија предлага план за задржување на секој кандидат за азил

Унгарија ќе продолжи на ниво на Европска унија европските граници да бидат заштитени преку автоматско задржување на секој кандидат за бегалски статус. Задржувањето ќе трае до завршување на обработката на молбата за лицето, изјави денеска портпаролот на унгарската Влада Золтан Ковач за британскиот весник „Гардијан“.

Тој истакна дека секој кој сака азил во Унгарија ќе биде задржан во центар се додека трае процедурата. Барателите на азил во секој момент ќе можат да се вратат во своите татковини.

- Ниту еден мигрант, дури ни тие кои побарале азил нема да можат да се движат слободно се додека не добијат правно решение за политички азил, бегалски статус или друго, посочи Ковач.

Тој додаде дека обработката на молбата ќе трае неколку месеци бидејќи секој случај треба да се проучи детално.