Македонија
4. May 2016 - 16:49

Унгарија останува силен поддржувач на Македонија за полноправно членство во НАТО

Унгарија останува искрен поддржувач на Македонија и АРМ на патот кон полноправно членство во НАТО Алијансата. Началникот на генералштабот на вооружените сили на Унгарија Тибор Бенко вели дека многу е важна стабилноста на регионот, нешто што Македонија го докажа неколку пати досега, особено преку справувањето со мигрантската криза.

Позицијата на Унгарија, која впрочем е и иницијатор на неформалната група земји од Западен Балкан кои претендираат да бидат членки на НАТО, отсекогаш била дека Република Македонија одамна го заслужи местото како полноправен член на Алијансата, изјави Генерал Тибор Бенко – Началник на ГШ на вооружени сили на Унгарија

Бенко попладнево се средна со министерот Јолевски, средба на која станало збор за унапредување на соработката меѓу двете држави.

-Република Македонија во Унгарија гледа искрен пријател и поддржувач, особено кога станува збор за исполнување на стратегиските цели на државата, членството во НАТО и Европската Унија, изјави Зоран Јолевски – Министер за одбрана на Република Македонија

Високата воена делегација придружувана од унгарскиот амбасадор во Македонија, со воени почести беше пречекана и од началникот на генералштабот на АРМ Методија Величковски. На сребата станало збор за потребата од интензивирање на билатералната соработка меѓу двете армии како и размена на искуства во справување со актуелните безбедносни предизвици поврзани со мигрантската криза.

Воената делегација денеска ќе се сретне и со претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.