Кошарка
11. August 2016 - 10:42

Унгарија на стартот од Европското првенство

Машката кадетска кошаркарска селекција на  Македонија (играчи до 16 години) од денеска ги почнуваат натпреварите на Европското првенство Б дивизија што ќе се игра во Софија, Бугарија. Прв противник попладнево ќе биде селекцијата на Унгарија, а почетокот на дуелот е во 17:15 часот.
Во второто коло од групата Македонија утре ќе игра против Израел, а во сабота противник ни е Шкотска. По слободниот ден во последните две кола ривали ни се Република Ирска и Англија.
Шампионатот се игра од 11 до 20.август, а трите првопласирани селекции ќе играат следната година во А дивизијата.