Свет
12. April 2017 - 20:58

Унгарија ја укина забраната за џамија и бурки во село на границата со Србија

Уставниот суд на Унгарија ја укина забраната за изградба на џамија и носење бурки, која е воведена од локалната десничарска власт во пограничното место Ашоталом, на границата со Србија.

Судот соопшти дека забраната, со која се оневозможувало и работа на музеите, ја кршела слободата на говор и вероисповед.

Мерката во ноември минатата година е воведена во селото Ашоталом, каде на власт е десничарската партија Јобик.

Унгарија пред да ја подигне оградата на границата со Србија и Хрватска, мигрантите често влегувале во земјата преку тоа село, па затоа локалните власти одлучиле да воведат забрана со цел да се заштитат „општеството и традицијата“.