Балкан
4. January 2016 - 15:05

Унгарија испраќа полиција на границата на Македонија и Грција

Унгарските власти денеска испратија 31 полицаец да помагаат еден месец при патролирањето на македонско-грчката граница. 

Унгарската полиција ќе биде задолжена да го контролира влезот на бегалци кои секојдневно пристигнуваат во Македонија. 

- Тие во мисијата ќе придоинесат и со транспортни возила и термо камери, изјави командантот на унгарската полиција Јанош Балог. 

Премиерите на Унгарија и Македонија, Виктор Орбан и Никола Груевски, се договорија во декември дека Унгарија ќе и помогне на Македонија во контролата на границите.