Унгарија целосно ја затвори границата со Србија
Унгарија попладнево ја затвори границата кон Србија, иако тоа беше најавено за вечерва на полноќ, кога стапуваат во сила измените во законите со кои се предвидува значително засилување на гранична контрола, јави српската државна телевизија РТС.
Целта на измените на законите е да се спречи секаков влез на бегалци од Србија во Унгарија.
Телевизијата информира дека од попладнево Унгарија почнала да ги враќа сите бегалци, кои се обидувале од Србија на влезат на унгарска територија.
Во рамки на засилената гранична контрола во делот од границата кон Србија, Унгарија распореди околу 4.300 војници.
Уште пред целосното затворање на гранмицата, Унгарија денеска го затвори граничниот премин на железничката пруга Белград-Будимпешта, кои бегалците најчесто го користеа за влез во земјата.
Како што јави Фена, на преминот на железничката пруга е поставена бодликава жица, а околку него се распоредени војници и полицајци на коњи. Реонот го надлетуваат хеликотери.
Според податоците на унгарските власти, денеска од полноќ, па до 8 часот во Унгарија од Србија влегле 3.280 илегални имигранти. Вчера во Унгарија пристигнале 5.809 бегалци, што претставува рекорден прилив на илегални имигранти во земјата во еден ден.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација