Фудбал
18. October 2017 - 12:52

Унгарија бара нов селектор

Германскиот фудбалски тренер Бернд Шторк (54) го напушти кормилото на унгарската репрезентација по неуспешните квалификации за пласман на Светското првенсвто во Русија.
 
Унгарија во Б групата го освои третото место со 13 бода, 14 помалку од Португалија и Швајцарија. Унгарците на десетте квалификациски натпревари забележаа пет порази.
Унгарија под водство на Шторк минатата година играше на Европското првенство во Франција, што беше прв настап на едно големо натпреварување по пауза од 44 години и Мундијалот во Мексико во 1986 година.
 
Унгарците на Европското првенство стигнаа до осмина-финалето каде што  загубија од Белгија со 4:0.