Свет
10. September 2019 - 15:36

Унгарецот Ласло Трошањи нов комесар за проширување на ЕУ

Новата претседателка на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен денеска го номинира Унгарецот, Ласло Трошањи за нов комесар за соседство и проширување на Европска Унија.
 
Трошањи (63) е адвокат, поранешен судија, дипломат и универзитетски професор, а специјалност му е уставно европско и компаративно право.
 
Тој од 2019 година е член на Европскиот Парламент, од владејачката партија во Унгарија, Фидес.
 
Претходно, Трошањи од 2014 до 2019 година беше министер за правда на Унгарија.
 
Тој во периодот од 2000 до 2004 година беше амбасадор на Унгарија во Белгија и Луксембург, а од 2010 до 2014 година беше амбасадор во Франција. Трошањи беше заменик член на Венецијанската комисија на Советот на Европа од 2005 до 2013 година и член на Уставниот суд на Унгарија од 2007 до 2010 година.
 
Трошањи е професор на Универзитетот во Сегедин.
 
Тој е роден во 1956 година во Будимпешта, а во 1980 година заврши Факултет по право и политички науки. Трошањи е оженет и татко на три деца.