УНЕСКО: Места кои можат да бидат отстранети од Списокот на светско наследство
Организацијата за образование, наука и култура при Обединетите Нации (УНЕСКО) препорача отстранување на крајбрежјето на Ливерпул од Списокот на светско наследство, поради опасност од „прекумерен развој“ на урбанизмот. За местото се вели дека е „сопственост предложена за отстранување од списокот на светско наследство“. Овој потег на светската агенција разгневи многумина во тој северозападен англиски град.
И Долината Катманду во Непал е предложена за вклучување во Листата на светско наследство во опасност, како и подрачјето околу Охридското Езеро на албанската и македонската страна. Тоа значи дека постои опасност целосно да се отстранат од тој список.
Препораките, УНЕСКО ги објави пред состанокот на Комитетот за светско наследство, којшто го следи одобрувањето. Средбата ќе се одржи во Фужоу, Кина, од 16 до 31 јули.
Во извештајот се предложени и Големиот Корален Гребен на Австралија, Венеција и Будимпешта – да бидат вклучени во списокот „Светско наследство во опасност“. Учесниците на состанокот ќе донесат конечна одлука за предлозите за бришење и предупредување.
Градоначалникот на Ливерпул, Стив Ротерам го опиша потегот како „длабоко разочарувачки“.
– Ние сме горди на нашата историја, но нашето наследство е витален дел од нашата преродба. Би ги повикал надлежните да ја прифатат нашата покана за посета, наместо да ја донесат својата одлука седејќи околу маса на другата страна од светот, истакна тој во објава на социјалните мрежи.
Резерватот „Селоус гејм“ во Танзанија, исто така, е предложен за отстранување од списокот. Во Европа, места изложени на опасност се Будимпешта и Венеција – и двете се предмет на преразгледување и загриженост поради развојот на бродскиот туризам.
– Ова би било многу сериозна работа за нашата земја доколку се укине Венеција, рече италијанскиот министер за култура, Дарио Франческини, истакнувајќи ја важноста од наоѓање долгорочни решенија за проблемот со крстарењата.
Австралија денеска веќе најави дека силно ќе се спротивстави на препораката на УНЕСКО – Големиот Корален Гребен да се именува како „опасност“, поради влошување предизвикано од климатските промени. И вулканите во руската област Камчатка се препорачуваат за во списокот на загрозени места.
Ново на Сител
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник