УНЦХР: Во Грција годинава влегле над 700.000 имигранти
Во првите десет месеци од оваа година на територијата на Грција влегле повеќе од 700.000 имигранти, од каде потоа барале разни патишта за да стигнат до богатите држави во Европа, покажуваат најновите податоци на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНЦХР).
Податоците се појавуваат во време кога во Брисел се среќаваат турскиот премиер Ахмет Давутоглу и лидерите на земјите-членки на ЕУ, со цел да постигнат договор за побрзо справување со напливот бегалци.
Во анализата на УНХЦР се вели дека повеќе од половина од луѓето кои влегле на грчка територија, се Сиријци, 18 отсто се Авганистанци, а шест отсто се Ирачани.
Меѓу сите бегалци дури 20 отсто се деца на разна возраст.
Пред одржувањето на Самитот ЕУ-Турција, холандски дипломати ја промовираа идејата за „привремено создавање на мини-шенген зона“, во која би влегле само дел од западноевропските членки на Унијата.
Холандскиот премиер Марк Руте, не ја коментираше ваквата идеја, но во разговор со домашните новинари предупреди дека доколку ЕУ не го запре напливот на мигранти и не ги ги заштите своите надворешни граници, ќе се соочи со опасноста да ја доживее судбината на античката Римска Империја.
Ново на Сител
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор