УМС на ВМРО-ДПМНЕ го “обои“ споменикот на СДСМ „Свиткана кичма“
Младината на владејачката партија и денес во знак на револт поради насилничкото однесување на хулиганите од СДСМ, организираше „Боење во чест на шарената револуција“.
По вчерашната промоција на споменикот „Едно евро за Вицето“ денес УМС на ВМРО-ДПМНЕ продолжи со како што велат, промоција на спомениците изградени од СДСМ во периодот на нивното владеење.
-Сведоци сме дека во период на нивното владеење СДСМ не изгради ниту еден државен објект од национален интерес, како и ниту еден споменик во чест на одреден македонски херој. Но, затоа за нив многу говори антидржавното однесување. Ваквиот срамен однос на СДСМ кон Македонија само не потсетува на промената на знамето, како и срамната референца БЈРМ, а воедно и договарањето на федерализацијата на Република Македонија, истакна Сузан Хасан, чен на Извршниот комитет на УМС на владејачката партија.
Тие денес го промовираа споменикот „Свиткана кичма“ за кој, како што рекоа, заштитно лице е Зоран Заев.
-Токму Заев повика да ја свиткаме кичмата во однос на уставното име на Република Македонија со преговорите во Грција. За таа цел денес овој споменик ќе го обоиме со боите на таа политичка партија, посочи Хасан.
Ново на Сител
-
Приведен дилер во Тетово за издржување тригодишна казна затвор
-
Крадец фатен на дело во Прилеп
-
Во Берово најстудено, најтопло во Претор и Гевгелија
-
Парламентот на Јужна Кореја му изгласа импичмент на претседателот Јун Сук-Јеол
-
Влада: Осум странски инвестиции, се работи посветено на економскиот напредок на државата и отворање нови работни места
-
Вучиќ: САД за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија
-
Земјотрес во Косово почувствуван и во Македонија
-
Израелската војска соопшти дека нападнала команден штаб на Хамас, сместен во училиште