Бизарно но вистинито
21. јуни 2016 - 19:49

„Умрел“ од алкохол: Се разбудил во мртовечница и пак се вратил на забавата!

Русин се разбудил во мртвачница откако го прогласиле за мртов, пренесуваат локалните медииуми. Пред инцидентот бил на забава на која испил голема количина алкохол. Но, по „будењето“ тој се вратил на забавата.

Мажот се онесвестил откако испил многу алкохол, и по грешка бил прогласен за мртов. Неговите пријатели повикале брза помош, а медицинските лица го прогласиле за мртов пред да го однесат во мртвачница. Тој во еден момент се разбудил и не можел да сфати каде се наоѓа. Почнал да вика и да удира по вратата. Кога го чуле, случајот бил пријавен на лекарите бидејќи тие последни го прегледале.

Кога се вратил на забавата пријателите продолжиле да пијат, но во негова чест.